Голманот кој ја предизвика трагедијата во Шпанија, без разлика на истрагата, веќе донел шокантна одлука!

Голманот на Андора, Хесус Овоно, се најде под жесток напад од јавноста по трагичната смрт на напаѓачот Хесус де Мигел, кој почина по судир со него на фудбалски натпревар. Шпанските медиуми објавуваат дека Овоно е целосно надвор од себе, и наводно донел шокантна одлука.

Овоно го удри напаѓачот на Тенерифе во градите со коленото, кој веднаш се струполи на теренот, а од силата на ударот доживеал срцев удар, поради што лекарите на теренот морале да го реанимираат.

Сцените од стадионот беа навистина ужасни, но откако беше потврдено дека Де Мигел е во малку подобра состојба во болница, сите се надеваа дека ќе се извлече. Сепак, вчера наутро беше потврдено дека за жал починал, што беше навистина трагична вест.

Човекот кој е во најлоша состојба во моментов, е голманот Овоно, за кого од трибините скандираа „убиец“, а шпанските медиуми наведуваат дека се соочува со затворска казна до четири години доколку биде прогласен за виновен.

Овоно веднаш ги деактивираше сите профили на социјалните мрежи каде што многумина почнаа да го навредуваат. Бројни сведоци тврдат дека во соблекувалната неутешно плачел останувајќи уште долго сам во неа, и се молел Де Мигел да преживее.

Сепак, по трагичната вест и фактот дека полицијата започна истрага против Овон, шпанските медиуми пишуваат дека тој веќе им кажал на соиграчите каква одлука донел, што шокираше многумина.

Наводно, без оглед на исходот од истрагата за смртта на Де Мигел, андорскиот голман сепак одлучил да се пензионира и да ја заврши играчката кариера.

Дури и да биде прогласен за невин, тој повеќе не сака да се врати на теренот бидејќи знае каков пекол и навреди го чекаат на кој било стадион во Шпанија, и во овој момент смета дека е најдобро да стави крај на кариерата. И тоа им го соопштил на сите во клубот, и на своите најблиски.

Репрезентативецот на Екваторска Гвинеја има само 25 години, а ова лето потпиша тригодишен договор за Андора.

Помина низ младинските школи на Антигуо и Реал Сосиедад, а пред Андора беше член на Алавес и Сан Игнасио.

Се вчитува...