Здружението „Апел за спас на Партизан“ има јасен план за опоравување на белградскиот клуб, пренесуваат дел од српските медиуми.
Станува збор за фактот дека главната цел е да се преземе раководството на Партизан и да се врати успехот во овој клуб, по промената и на власта во Србија.
Иван Голац, човек кој е легенда на Партизан, веќе отворено ја искажа својата желба да се кандидира за претседател на клубот.
Поранешниот тренер на Босна и Херцеговина, Саво Милошевиќ, пак, како и Матеја Кежман, се споменуваат како потенцијални кандидати.
Конечната одлука ќе ја донесе Собранието на Партизан, по што се очекуваат и промени во стручниот штаб на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
