Возачот на Ферари, Шарл Леклер и неговата сопруга Александра станаа родители на Бјанка. Убавата вест ја објави брачниот пар на социјалните мрежи и открика дека Бјанка е родена еден ден порано од предвидениот датум.
Честитите за гордите родители веднаш почнаа да пристигнуваат, а меѓу првите кои се огласија се Ф1 возачите Пјер Гасли и Оскар Пјастри, како и од тимовите на Ферари и Мерцедес.
Леклер стана петтиот родител меѓу актуелните возачи во Формула 1 шампионатот, по Серхио Перез, Нико Хулкенберг, Оскар Пјастри, Макс Ферстапен и Фернандо Алонзо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
