Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, доживеа шокантен пораз во второто коло на Мастерсот во Париз, што значеше и крај на надежите за пласман на завршниот АТП турнир кој ќе се игра во Торино.
Подобар од Ѓоковиќ беше квалификантот Ринки Хиџиката кој славеше во три сета и тоа со пресврт: 2:6,6:3,6:3.
Со поразот во Париз, и официјално заврши сезоната за Ѓоковиќ кој најави дека и следната сезона ќе биде дел од АТП турнирите.
Хиџиката во осминафиналето ќе уфра против Аргентинецот Ечевери кој беше подобар од друг фаворит, Алекс де Минор во два сета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
