Фудбалерите на Рел и Олимпијакос одиграа без голови во натпревар од четвртото коло во Лигата на Европа. Натпреварот беше закажан за утре, но поради најавата за генерален штрајт во Франција, дуелот се одигра денеска.
И двете екипи имаа свои шанси, но мрежите на крајот мируваа. Олимпијакос упати вкупно 12 шутеви, додека домаќинот девет, но имаше четири удари во рамките на противничкиот гол.
Со ремито, Олимпијакос останува лидер на табелата со 10 освоени бодои, додека Рен има шест бодови по четири кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
