Почетокот на новиот квалификации и дуелот со Луксембург беа можност за Ракометната Федерација на Македонија и навивачите да му се заблагодарат на Никола Маркоски за придонесот што долгогодишниот репрезентативец го имаше за националниот тим.
Популарниот „Ѓуле “ пред натпреварот доби специјален подарок – дрес со своето презиме од претседателот Стефанов, излегувајќи на терен со своите деца при што беше поздравен од сите репрезентативци и доби гласни овации од присутните во СЦ „Борис Трајковски“.

Никола Маркоски летово ја заврши својата богата ракометна кариера и моментно е дел од стручниот штаб во суперлигашот Мулти Есенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
