Реал Мадрид во финишот до победа над АЕК, Фенербахче го шокираше Ливерпул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид стигнаа и до четвртата победа во исто толку натпревари сезонава во Лигата на шампионите откако вечерва со пресврт славеа на гостувањето во Грција кај АЕК со 2-3.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Коита во 12. минута. На 1-1 израмни Џуд Белингем во 32. минута. Ново водство за грчкиот тим донесе Пило во 75. минута. На 2-2 израмни Килијан Мбапе во 78. минута, додека конечните 2-3 ги постави Валверде во 92. минута.

AEK Athens 2 – [3] Real Madrid – Fede Valverde 90'+2'
byu/50lipaa insoccer

Фенербахче стигна до голема победа на домашен терен од 3-2 над Ливерпул. Стрелци на головите за турскиот тим беа Гринвуд, Браун и Муричи, додека за „црвените“ стрелаа Њони и Исак.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...