Македонските ракометари одиграа токму онака како што се очекуваше од нив, импресивно, убедливо, моќно од првата минута покажувајќи дека разликата во однос на Луксембург е во многу повеќе од една класа.
Целта е зацртана, победата забележана со импресивна гол-разлика, а навивачите имаа можност да уживаат во шоуто на избраниците на Кире Лазаров.
Македонија поседува и квалитет и искуство, доказ за тоа беше и денешното зрело издание и убедливата победа, но и сочуваните сили за следниот меч – гостувањето во Грција кое е од огромно значење за уште во раната фаза од овие квалификации да се направи џиновски чекор кон билетот за ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА




























