Дмитро Горига го одигра премиерниот меч во дресот на Македонија, даде свој придонес во рутинската победа над Луксембург, а по завршувањето на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ беше јасно дека Украинецот со македонски пасош експресно ги освои симпатиите на верните фанови на нашиот национален тим.
Десетици навивачи трпеливо чекаа за фотографирање и автограм од новиот македонски репрезентативец, кој доби и специјално барање на украински јазик – да го подари дресот што го носеше вечерва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
