Кошаркарите на Панатинаикос славеа на гостувањето кај Реал Мадрид по продолженија со 112-115 во дерби натпреварот од 10. коло од новата сезона во Евролигата.
Двата тима одиграа неверојатен натпревар, а на крајот неколкуте технички грешки и промашувања на Силвијан Франциско доведоа до тоа Фелиз со поени на 0.3 секунди до крајот да израмни на 101-101 и да го одведе мечот во продолженија.
Таму, гостите беа за нијанса посконцентрирани за конечен триумф од 112-115. Кендрик Нан со 33 поени беше убедливо најдобар поединец кај победникот додека кај поразените Абалде заврши со 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
