ЛШ: „Мама миa“ – Комо до врв го наполни голот на Ленс, Арсенал ја освои Прага (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо продолжуваат да испишуваат историја во Лигата на шампионите, откако вечерва во 4. коло славеа на гостувањето кај францускиот вицешампион Ленс со убедливи 1-9.

Дувикас со два гола донесе водство од 0-2 за гостите, а до крајот на првиот дел Нико Паз во 40. минута зголеми на 0-3. Со головите на Да Куња и Кемп беше 0-5, а во 57. минута Дувикас со третиот гол зголеми на 0-6. Либерали го постигна погодокот за 0-7 во 62. минута, а Агилар само за малку го намали големиот срам (1-7) во 65. минута. Во 69. минута Батурина зголеми на 1-8, а конечните 1-9 ги постави Папачоли во 92. минута.

Lens 0-[7] Como – Mattia Liberali 62'
byu/xggq insoccer

Арсенал славеше на гостувањето кај Славија Прага со 1-2. Водство за гостите од 0-1 донесе Мадуеке уште во 9. минута. До крајот на првиот дел беше и 0-2 откако прецизно биеше Ѓокереш во 38. минута. Во вториот дел домаќините постигнаа само почесен погодок (1-2) преку Новак во 90. минута.

Slavia Prague 0 – [2] Arsenal – V. Gyökeres 38'
byu/eliseihado insoccer

 

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 4. КОЛO: 

БОРУСИЈА Д. – БЕТИС 2-1

ЛЕНС – КОМО 1-9

ПОРТО – НАПОЛИ 4-1

ПСВ АЈНДХОВЕН – КЛУБ БРИЖ 1-2

ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР С. 2-3

СЛАВИЈА П. – АРСЕНАЛ 1-2

ВИКИНГ – САБАХ БАКУ 4-1

Се вчитува...