Најдбориот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Арис го забележаа првиот пораз сезонава во Еврокупот откако во дербито на шестото коло загубија од Хапоел Ерусалим со 84-73.
Двата тима одиграа еден израмнет натпревар во кој на крајот израелскиот тим беше посконцентриран и посреќен за конечен триумф од 84-73.
Димитријевиќ беше еден од подобрите кошаркари во својот тим завршувајќи го натпреварот со десет поени, две асистенции и еден скок. Кај победникот пак Лофтон заврши со 22 поени, додека Милтон уфрли 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
