По напуштањето на Кристијано Роландо на репрезентацијата на Португалија за дуелите во Лигата на нации, „неговиот дрес“ со бројот седум веднаш доби нов сопственик со што го навлече гневот на фановите.
Одлуката Рафаел Леао, да ја задолжи „седумката“ во Португалија, предизвика голем број на негативни реакции и коментари на социјалните мрежи, фудбалските фанови сметаат дека тој потег е непочитување кон Кристијано Роналдо и тоа што тој направи во репрезентацијата во изминатите две децении.
Поради тоа, Леао одлучи да се огласи во јавноста и да објасни зошто ја зеде „седумката“.
„Ми беше важно да го носам дресот со бројот седум бидејќи Кристијано ми е идол од детството. Се трудев да го носам овој дрес со достоинство“, изјави Леао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
