Сè е подготвено за последното танго на Меси (ВИДЕО)

Лионел Меси ги одбројува последните денови како аргентински репрезентативец, а неговото „последно танго“ ќе биде вистински спектакл.

Целата аргентинска јавност, навивачите, медиумите подготвуваат вечер за паметење во ноќта помеѓу вторник и среда (01 часот) кога Лионел Меси во дуелот против Бенин, за последен пат во кариерата ќе настапи во дресот на Аргентина.

Ваквата одлука, Меси ја донесе по поразот од Шпанија (0:1) во финалето на Светското првенство кое изминатото лето се одржа во САД, Канада и Мексико.

Аргентинските медиуми веќе почнаа да се натпреваруваат кој ќе објави поемотивно видео како најава на спектаклот кој се одржи на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес кога „Меси ќе ги има „последното танго“ во „сино-белиот“ дрес.

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...