Младите фудбалери со пораз ги завршија квалификациите за пласман на ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година со пораз го заврши настапот во квалификациите за пласман на Европското првенство до 21 година кое треба да се одржи идната година во Србија и Албанија.

Избраниците на селекторот Александар Таневски вечерва се поразени со 2:0 на гостувањето кај Шведска. Швеѓаните до триумфот дојдоа со по еден постигнат гол во двете полувремиња, резултатот го отвори Свенсон во 15-та минута, додека Нџие во 52-та минута ја завери победата.

Младата репрезентација квалификациите ги заврши на претпоследното петто место со седум освоени бодови во конкуреција на врсниците од Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.

Двете победи се остварени во дуелите со Ерменија (2:1 и 2:0) која заврши како последна со еден освоен бод. Седмиот бод беше освоен на натпреварот со Црна Гора (1:1) кој се играше во Битола.

Првото место во групата и припадна на Италија со 27 освоени бодови, исто колку што има и Полска, но „аѕурите“ имаат подобар меѓусебен скор и како првопласирани обезбедија пласман на Европското првенство.

Се вчитува...