Фалангата во Луцерн прво ќе се собира во фан-зоната, а потоа со навивачки марш ќе оди кон стадионот

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) во Луцерн против Швајцарија, ќе го одгра четвртиот натпревар од новото издание во Лигата на нации, а од трибините се очекува да има поддршка од „фалангата“.

Фудбалската федерација на Македонија вечерва објави дека македонските навивачи ќе имаат фан-зона, a потоа организирано ќе одат кон стадионот за да ги бодрат „црвено-жолтите“.

Фан-зоната за „фалангата“ ќе биде лоцирана на Vögeligärtli (Sempachergarten), а собирот е предвиден да биде од 18 до 19 часот.

Потоа во 19.15 часот е предвидено организирано да започне навивачки марш кон „Термоплан“ арената. со полициска придружба.

ФФМ им порачува на сите навивачи кои ќе ја користат организираната рута се замолуваат навреме да пристигнат во фан-зоната.

Се вчитува...