Кошаркарите на Партизан продолжуваат со одличните игри на стартот од сезоната и по трите триумфи во првите три кола во Евролигата, вечерва победнички стартуваа и во АБА-лигата.
Црно-белите со 83:59 беа подобри од Мега Баскет.
Клучен момент за триумфот беше серијата од 9:0 во втората четвртина со која Партизан од 30:27 дојде до 39:27 по што до крајот рутински ја одржуваа предноста. Во третата четвртина, “црно-белите“ по поените на Хејс заминаа на плус 22 (60:38) со што беа урнати и теоретските шанси на Мега за изненадување.
Етан Томпсон со 21 поен ја предводеше листата на стрелци кај Партизан каде двоцифрени беа уште и Танасковиќ со 14 и Ловерњ со 10 постигнати поени. Кај мега најдобри беа Лучиќ со 14 и Војиновиќ со 12 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
