Хари Кејн дефинитивно останува во Баерн уште барем две години

Германскиот шампион Баерн Минхен и најдобриот стрелец на екипата, Хари Кејн, по неколкунеделни преговори конечно се договорија.

Според германскиот новинар, Флоријан Плетенберг, преговорите се во завршна фаза, на маса е договор до 2029 година.

Плетенгерг тврди дека останува да се допрецизираат уште неколку детали, и иако не е закажан потпис на новиот договор, нема дилеми дека Кејн и во иднина ќе го носи дресот на Баерн Минхен.

Фудбалерот инсистира во договорот да биде вметната откупна клаузула и Тотенхем да има предност во преговорите за евентуална негова продажба и исто така да има можност да ја израмни секоја понуда која ќе пристигне во Баерн и тие барање за очекување е да му бидат исполнети.

Хари Кејн во Баерн пристигна во 2023 година од Тотенхем во трансфер вреден 95 милиони евра и досега постигна неверојатни 152 гола и има 34 аситенции и што е најважно за него, освојува трофеи, нешто што му недостасуваше како играч на Тотенхем. Тој досега двапати ја освои Бундеслигата, има и два трофеи во германскиот Суперкуп и еден германски Куп.

Се вчитува...