Чаби Алонсо сака да пазари во Барселона

Англискиот премиерлигаш Челзи планира идната година да ангажира двајца фудбалери на Барселона. Според каталонските медиуми, менаџерот на Челси, Чаби Алонсон бара од управата да тргне по потписот со Жил Кунде и Фермин Лопез.

Алонсо е подготвен да понуди 100 милиони фунти, односно 118 милиони евра, за Фермин.

Медиумите пишуваат дека мали се шансите Барселона да се согласи да го продаде Фермин, кого тренерот Ханси Флик го гледа како еден од клучните играчи во тимот заедно со Рафиња и јамин Јамал. Тој сезонава е стартер и покрај силната конкуренција за неговата позиција од играчи како Дани Олмо.

Фермин Лопез кој одлично ја започна сезонава, има четири гола и две асистенции на седум натпревари, има договор со Барселона до 2031 година.

Поголеми се шансите на Челси да успее да го ангажира Кунде, кој ја загуби довербата кај Флик.

Кунде беше цел на Челзи уште во 2022 година кога си замина од Севиља и ја избра Барселона.

На позицијата десен бек, Флик највеќе му верува на Ерик Гарсија, како и на младиот Чави Еспарт.

Вредноста на Жил Кунде на „Трансфермаркт“ изнесува 55 милиони евра, сума која Челси без проблеми би ја издвоил уште во зимскиот преоден рок.

Се вчитува...