Репрезентативците на тренинг под швајцарските Алпи, теренот на „Термоплан арената“ е очаен! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Луцерн, Швајцарија

Владимир Булатовиќ

Македонската репрезентација го одработи тренингот во Луцерн пред утрешниот натпревар со Швајцарија во 4. коло од Б-дивизијата во Лигата на нациите.

Но, место на „Термоплан арената“, тренингот одработен на помошниот терен на спортскиот комплекс, затоа што тревникот на главниот стадион е во очајна состојба па мора да биде сочуван за утрешниот дуел.

Селекторот на Швајцарците, Мурат Јакин половина од прес-конференцијата во Скопје ја потроши за лошата состојба на теренот на арената „Тодор Проески“, за да сега далеку полоши услови за игра ги очекуваат и двете селекции и на утрешниотдуел во Луцерн.

 

Се вчитува...