Најдобриот стрелец во историјата на НХЛ-лигата оди во пензија

Легендарниот руски хокејар, Александер Овечкин, кој настапува во НХЛ-лигата за тимот на Вашингтон капиталс, денеска објави дека ја игра последната сезона во неверојатната кариера.

„Го сакам хокејот, но во срцето знам дека ова е вистинска одлука. Изминатото лето со семејството седнавме и разговаравме и одлучивме дека ова ќе биде мојата последна сезона во кариерата“, изјави Овечкин.

Овечкин целата кариера ја помина во тимот на Вашингтон кој во 2004 година како прв избор на драфтот. Во негова сопственост се бројни рекорди, но најимпресивен е тој дека е најдобар стрелец во историјата на НХЛ-лигата.

Тој до оваа, за него последна сезона“, постигна 929 голови и го надмина Вејн Грецки кој остана со 894 гола на вечната листа на најдобри стрелци.

 

Рускиот хокејар дури во 14 сезони постигнувал 40 или повеќе голови, девет пати беше најдобар стрелец во сезоната и даде дури 331 гол во моментите кога неговиот тим имал играч повеќе на ледот.

„Ова ќе биде мојата последна сезона и навистина се радувам на тоа. Сакам да остварам нешто посебно“, вели Овечкин.

Со тимот на Вашингтон капиталс освои една титула (2018), додека со репрезентацијата на Русија трипати триумфира на Светските првенства и се смета за еден од најдобрите хокејари на сите времиња.

Се вчитува...