Фудбалерот на Гватемалскиот прволигаш Кселахуа, Дериксон Кирос (24), стана вирална сензација, но не поради неговите настапи на теренот. Неговото романтично запросување по натпреварот се претвори во интернет приказна со неверојатен пресврт, а свршувачката траеше помалку од 24 часа.
Сè започна како бајка. По натпреварот во недела против Маркенсе, 24-годишниот костарикански играч од средниот ред клекна на теренот на стадионот „Марио Кампосеко“. Пред публиката и неговите соиграчи, тој извади прстен и ѝ предложи брак на својата девојка, инфлуенсерката Венди Никол . Емотивното видео на кое се гледа нејзината возбуда, солзи и прегратка додека публиката аплаудираше брзо стана вирално на социјалните мрежи, изгледајќи како совршен романтичен момент што ќе го памети до крајот на животот.
Сепак, романсата траеше пократко од просечниот фудбалски натпревар. Уште следниот ден, Кирос го објави раскинувањето на Инстаграм. Иако објавата на X, која предизвика лавина од реакции, на шега го нарече тоа „развод“, всушност стануваше збор за раскинување на свршувачката.
Во официјална изјава, фудбалерот изјави дека поминува низ „тешка лична ситуација“ и дека сега сака „целосно и исклучиво да се фокусира на фудбалот“. Засега не е познато што придонесе за овој ненадеен пресврт на настаните ја претвори романтичната приказна во интернет комедија и драма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

