Ѓер ги чува најдобрите: Грот потпиша до 2019 година

Раководството на Ѓер минатото лето ја ангажираше Нора Мерк како суперзасилување, а челниците на унгарскиот гигант сега погледите ги насочија кон задржување на актуелниот играчки кадар.

Прва на „приоритетната листа“ во 2017 година беше холандската репрезентативка Корнелиа Грот, која ги разреши сите дилеми околу својата иднина потпишувајќи нов договор што ќе биде со важност до 2019 година. Грот беше извонредна на последното Европско Првенство во Шведска, каде се закити со МВП наградата, со што го привлече вниманието на неколку аспиранти за највисок пласман во ЛШ.

Сепак, челниците на Ѓер реагираа благовремено, експресно ги договорија условите за соработка, осигурувајќи се дека Грот и во иднина ќе биде една од клучните ракометарки во нивниот тим.

Претходно, во 2016 нови договори со Ѓер потпишаа и норвешката голманка Кари Гримзбо, како и Ивет Брох, Јана Кнедликова и Бони Бернадет.

Се вчитува...