Го смени и спортот и полот – ракометен репрезентативец стана фудбалерка! (ВИДЕО)

Поранешниот австралиски ракометен репрезентативец Калум Мунси (28) кој играше за својата репрезентација на СП 2013 во Шпанија, реши да го смени и спортот и полот. Од ракометар, Мунси стана фудбалерка и влезе во историјата на австралискиот спорт. Тој е првиот трансроден спортист на кој раководството на Австралиската фудбалска лига (АФЛ) му дозволи да игра за женска екипа во највисок степен на натпреварување.

Мунси за австралиската ракометна репрезентација одигра 22 натпревари, играше на пикерската позиција, а најзначаен во репрезентативната кариера му е настапот на СП 2013.

Пред четири години Мунси ја почна половата трансформација и од Калум стана Хана. Почна со хормонска терапија и се обиде кариерата да ја продолжи како ракометарка, но не доби дозвола од Австралискиот ракометен сојуз.

Хана Мунси потоа се преориентира на австралискиот фудбалот. Досега Мунси играше фудбал на локално ниво, но од 2018 година ќе може да игра и во натпреварите од највисок ранг во некоја од сојузните држави во Австралија.

„Мислам дека ќе биде непримерно да му се заблагодарам на раководството на АФЛ што ми дозволи да го правам тоа што му е дозволено на секој во Австралија“ – наведува Хана Мунси во отвореното писмо.

Австралискиот фудбал е екипен спортшто се игра со 18 играчи во поле, на игралиште за крикет или сличен овален  терен кој мора да биде долг 135-185 метри и широк 110-150 метри. Се игра со топка со овален облик која е различна од онаа со која се игра рагби или американски фудбал. Австралискиот фудбал е сличен со рагби, американскиот и со келтскиот фудбал, а има и некои елементи од „основниот“ фудбал.

Според просекот на гледаност, АФЛ е четврта најгледана лига во светот. Натпреварите од австралискиот фудбал ги гледаат во просек по 35 илјади гледачи. Поголема посетеност има само НФЛ со просек од 69.400 гледачи, германската Бундес-лига со просек од 41.500 гледачи и англиската Премиерлига со просек од 35.800 гледачи.

Се вчитува...