Поранешниот кошаркар Перо Антиќ со голем гест кон синот на Владимир Блажев – Панчо, пејачот на ДНК кој го загуби животот месеци по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.
Антиќ се погрижи за Марјан полуматурата да биде незаборавен момент. Тој со својот спортски автомобил го зема младото момче, и го однесе на полуматурска забава.
Ова за синот на Панчо ќе биде незаборавен момент, дека и покрај големата загуба, има околу себе луѓе кои ќе се грижат за него сега и во иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
