ГОЛГЕТЕР НА ГОДИНАТА – Илија, што ја запали Сицилија

Што знаат Вардар, Динамо Загреб, Хајдук Сплит, што е врвен голгетер. Напаѓач со убиствен инстинкт. Го имаа пред очи, ама останаа „слепци“.

Затоа, пак, човекот што има неверојатен „сенс“ за врвен фудбалер, Маурицио Зампарини, првиот човек на Палермо, со оглед дека низ раце му поминале голгетери како Лука Тони, Амаури, Единсон Кавани, Хавиер Пасторе, Пауло Дибала, добро знаеше дека нашиот Илија ќе ја запали фудбалска Сицилија.

Ѕвездите имаат чуден животен пат. Многу често биле потиснати во втор план, или не успеале да се докажат на стартот, но потоа ѕвездата водилка ги носи кон врвот, затоа што квалитетот секогаш знае да исплива на површината.

Беше Илија Нестоорвски и во Металург (кога овој клуб беше меѓу водечките во Македонија), се обиде и на печалба во Словачко (во Чешка), но никој не успеа да го препознае неговиот убиствен голгетерски инстинкт. Се разбира, даденото од Господа, никој не може да ти го земе. Си го носиш со себе, и кога – тогаш на сите ќе им докажеш дека не биле во право. Се разбира, никогаш не заборава и секогаш споменува, дека првите фудбалски чекори ги имал во својот роден Прилеп, во дресот на Победа.

nestorovski inter zapresic

Илија замина во Запрешиќ, малото место недалеку од Загреб, и таму фудбалски експлодира. Ја покори Хрватска, земјата од каде доаѓаат Модриќ, Ракитиќ, даваше голови налик на Давор Шукер. Постигна 69 гола на 90 натпревари за Интер Запрешиќ.

Последната сезона беше стрелец на 24 гола, а потоа и голгетер на хрватското фудбалско првенство, со 13 погодоци за полусезона.

И тогаш се случи Палермо. Дојде скромниот Македонец, како наследник на Дибала, Кавани, Амаури…И ја запали Сицилија. Постигна седум гола на 13 меча во Серија А, а фановите на Палермо во него се „крстат“ за тимот да обезбеди опстанок во елитата.

nestorovski slavi makedonija izrael kvalifikacii sp

Го облече и дресот на фудбалската репрезентација на Македонија. И ја затресе мрежата на Џанлуиџи Буфон во Скопје.

Негова беше 2016-та, му посакуваме следните неколку да му бидат уште поуспешни на фудбалски план. Затоа што Илија веќе ја запали Сицилија, полека ја покорува и Италија, а има уште работа… Голема е Европа…

Се вчитува...