Австралискиот кошаркар Џек Вајт е нов играч на Баерн, објави клубот од Минхен. Сезонава тој настапуваше во австралиската лига за Мелбурн со кој стигна до финалето на шампионатот.
Вајт денеска ги заврши медицинските прегледи во Минхен и потпиша договор со Баварците до крајот на сезоната.
Во австралискиот шампионат оваа сезона забележа 13,3 поени и 8,9 скока по меч. Вајт играше и во американската професионална кошаркарска лига (НБА), каде ги носеше дресовите на Денвер и на Мемфис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА