Никола Ѓоргиев на крајот од декември му ја донесе на тимот на Торај титулата во царскиот Куп на Јапонија, а македонскиот одбојкар и на почетокот од оваа 2017 година продолжува со одличните настапи.
Торај во дербито на колото во Јапонија по тешка битка славеше над Јтект со 3-2 во сетови. Во главна улога беше токму Македонецот, кој реализираше 32 поени (28 од напад, два ас-сервиси и два блока), со што го одржува својот тим во трката за првото место на табелата.
Екипата на Торај моментно е второпласирана со 32 бода, четири помалку од лидерот Панасоник, со кого Ѓоргиев и соиграчите ќе се сретнат следниот викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА