ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 4: „Хеј Словени јоште живи“…, другар ми Мицко, газда Перез, Фаик Абди и Бруно Комита!

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


Ова ќе биде фудбалски земјотрес доколку Славко Винчиќ сега досуди крај! (ПРЕКРАСНО). Почиње Аргентина со Арапине и ми доаѓа Мицко… Види го бе, не даскалот бе друже ти реков не ме занима политика. Миодраг Мицко, доајенот на македонското новинарство, другарче ми е… Еее, со шефот какви приказни имаме… Местена беше оваа за кладилници кец у два, може Флорентино Перез со куферчето влегол у ВАР лабораторијата, се против Меси друже… Мада Арабијанците добри, заслужено си тепаа… Не може Меси со овој тим бе… Почиње у напад со: Лисандро Мартинез, Лисандро ди Марија, Лисандро Гомез… Абе овие сите исто се викаат?

По два дијазепама и пола лексилиум шо ги испив поради нервози шо ми направија она Аргентинцине седнав да глеам Данска. Ееее Данска, ’92 коа не растурија и ради нас они отидоа на Европско и го освоија. Она бекчено на Тунис, Абди, добар играч друже. Абе, се сеќаваш на Фаик Абди, не го знаеш а? Па добро помал си ти. Фаик Абди коа ќе каеше „ја го подржавам господинот Киро Глигоров“ сите ќутеа. Нека им е лесна земја на двајцата друже. Oној на Шмајхел малиот страва голман еј… Коа освоија со Лестер сум плачел ко роден син да ми е ако ми веруваш. На мојана стока дома на матура не му плачев така… Абе само војска златен у денешно време, многу нежни ве напраивме. На полувреме ме фати тоа лексилиумот сум задремал. Се будам при крај глеам 0-0, добро е нишо не пропуштив.

„Хеј Словени још сте живи“, абе секое слушање на нашата химна ми паѓа по една солза, машка, најтешка. Алал да им е на ова Полјаците што не потсетуваат на химната… Напред Југославија. И така глеам утакмица и скролам по фб и оп Бруно Фернандеш. Вака пишал братот „Македонија за Вардар“. Да не ме држеа уше седативите мислам гол ќе трчав до Катар. Абе добар мој, тоа е Вардар, тоа е Македонија, тоа е фудбалот. Сеа ти кажуем и се ежам златен. Али политиката го уништи и Вардар. Туку ај… Него утакмицана, Лева бе Лева, така ли се пуца пенал. Али и оној Очоа опасен е бе. Се на се уше една нула. Икс у икс у икс у икс.

Остана уше последната утакмица, а таа нормално се глеа со француски коњак и австралиски орасници. Имаат ли ораси у Острелија бе? Него нашине земљаци одиграа ко „Мерцедес ван“. Почнаа јако, ама не знаеја мењачот кај е да успорат. Не бе друже јаки се Французиве. Не играл Бензема, е голема работа пошо прошлото играше. Многу ми е криво едино за Канте, златен. Многу добро фудбалерче, машинче, ора по терен, и душа чоече… Штета шо се повреди, ја знам најдобро како е ради повреда да не играш. Па мене ’85 ми побегна проба у Фортуна Дизелдорф ради повреда на препони. А, за повредата. Да не ти кажуем како ја заработив, ќути не прашувај ама не беше на терен, будала бев ко млад… Уше ова само… Жиру ти е најпотценет шпиц… Сува класа, осет за гол права „деветка“, нема многу такви у денешно време.

Осим Аргентина се на се вчера очекувано… Денеска пак четри утакмици а? Абе жена ми ми донесе од кај нејзе од работа за здравствено потврда да однесам у завод. Шо да праам златен преку неа сум осигуран, тешки времиња, нема работа… Ама нема да стигнам денеска сакам нашине „коцкести“ да ги глеам, ај ќе идам друг ден… Друже се глеаме утре исто време…

Се вчитува...