Медведев зa новиот тренер на Ѓоковиќ: Замислете Меси да го тренира Роналдо

Рускиот тенисер Даниил Медведев зборуваше за соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, не криејќи ги очекувањата дека Британецот ќе успее да ја крене формата на српскиот тенисер.

Пред почетокот на овогодинешниот прв  гранд-слем турнир, Данил Медведев со новинарите разговараше за Новак Ѓоковиќ и неговиот нов тренер Енди Мареј.

„Какво влијание ќе има тој врз Новак? Тешко е да се каже, бидејќи замислете дека го тренирате, а тој е силен и победува. А потоа се прашуваме, дали тоа е поради Мареј или поради Новак? Никогаш не се знае. Мислам дека тоа е одлично партнерство во секој поглед, дури и во однос на енергијата, медиумите, тоа е одлично за развојот на тенисот. Тоа како да Лионел Меси стане тренер на Кристијано Роналдо, би било навистина чудно“, изјави Медведев. 

Се вчитува...