Продолжува сапуницата околу разводот на Мауро Икарди и Ванда Нара. Еден од љубовниците на Нара од времето кога беше во брак со Икарди, Балде се огласи и призна се, а Мауро објави листа на мажи со кои тврди дека Ванда го изневерувала.
Сенегалецот изјави дека Мауро и Ванда се бездушни и дека се кае што ја изневерил сопругата, а сега се појавија нови информации.
Аргентинските медиуми пренесуваат дека Ванда на Балде му подарила два часовници Ролекс, а двата ги платила со кредитната картичка на Мауро.
Да потсетиме, Икарди во март поднесе барање за развод, кое беше прифатено од судот во Милано, а сега во тек се рочиштата на кои се разговара за поделба на заедничкиот имот, висината на алиментацијата за нивните ќерки и слични работи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА