Македонското ракометно чудо од дете Ива Младеновска вториот дел од сезоната 2024/2025 година ќе го доигра во францускиот Безансон каде заминува на шестмесечна позајмица.
Младеновска оваа сезона беше дел од екипата на Брест, каде доби шанса да игра и во Лигата на шампионите. Сепак, бидејќи е се уште млада, а тимот од Франција го чека голема борба за освојување на Лигата на шампионите, каде нема да може многу да се експериментира, до крајот на сезоната ќе биде во Безансон каде што ќе може да остане во натпреварувачки ритам.
„Многу сум среќна што потпишав со Безансон до крајот на сезоната и благодарна што имам шанса да играм во првата лига. Едвај чекам да започнам и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да ги постигне своите цели“, изјави Младеновска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА