Ивица Костелиќ затвори едно поглавје од својот живот. Хрватскиот скијач денес официјално стави крај на својата кариера откако ја заврши трката во комбинација во Венген.
„Многу сакав да се вратам овде. Оваа патека е ’мајка’ на сите слаломи. Само оваа патека има сè – и рамен и стрмен дел. И покрај тоа што скијав со повреда и болка во коленото, сакав да стигнам до целта. Скијам повеќе од 30 години и за мене овој спорт отсекогаш бил повеќе од љубов. Без оглед на сите 14 операции во мојата долга кариера, ова е мојата последна трка. Тие зборови излегуваат тешко од мојата уста без ралика колку и да ја одложував последната трка во мојата кариера“ – истакна Костелиќ по зваршувањето на трката додавајќи дека во најскоро време ќе му биде извршена уште една операција на коленото која дефинитивно ќе го оддалечи од снежните патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА