Жестоки се критиките што се упатуваат кон хрватските репрезентативци по новото слабо издание на ЕВРО 2024, овојпат на ремито против Албанија. „Коцкестите“ примија гол во 95. минута со кој останаа без триумф, но играта што ја прикажаа беше далеку од посакуваната, како јасен знак дека оваа селекција е предалеку од формата со која играше врвен фудбал на последниот светски шампионат.
Критики стигнуваат од сите страни, а легендарниот Томислав Ивковиќ во изјава за ХРТ веднаш по мечот го нападна селекторот Златко Далиќ, но и капитенот Лука Модриќ.
„Премногу долго сум во фудбалот и се ми беше јасно и пред почетокот на ова ЕП, исто како што му беше јасно и на Далиќ. Сепак, тој реши да застане на страната на сите оние играчи иако му беше јасно дека не се во форма. Тоа не е критика, туку факт. Јурановиќ не игра во Унио Берлин. Шутало по трансферот во Ајакс веќе не е фудбалерот кој блескаше на теренто. Перишиќ е еден од најголемите професионалци на сите времиња, некако ја истурка средбата до крај. Брозовиќ веќе не е на тоа ниво. Чекаме нешто да се случи, а ништо не се случува… Треба да се каже искрено уште пред Италија, бидејќи тој меч може да смени многу работи… Сите овие фудбалери Лука Модриќ го доживуваат како татко кој ги има многу задолжено во кариерите. Лука направи чудесни работи во кариерата, ги задолжи сите тие момци, но ова е ново европско првенство. Извини Модриќ, но јас морам да го кажам она што го гледам – ти веќе не си играч каков што беше до пред две години“, порача Ивковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА