Јамал се појави со новата девојка – „спонзоруша“ која за само еден ден го „шутнала“ своето долгогодишно момче (ВИДЕО)

Барселона ја заврши сезоната со два трофеи, успевајќи да ги одбрани титулите во Ла Лига и во шпанскиот Суперкуп.

Традиционално, на крајот од сезоната, Барселона организираше собир на членовите на првиот тим, кој се одржа синоќа, а најголемо внимание предизвика Ламине Јамал, кој на забавата се појави во друштво на својата нова девојка, Инес Гарсија.

Веќе некое време се шпекулираше дека се во врска, а синоќа официјално го потврдија тоа кога пристигнаа заедно на забава организирана од Барселона.

Инес Гарсија е инфлуенсерка од Севилја која не беше многу позната на шпанската јавност сè до моментот додека не почнаа шпекулациите дека е во врска со Јамал.

Сепак, веќе протекоа доста изненадувачки детали кога станува збор за Инес, бидејќи таа беше во долгогодишна врска до пред само неколку недели.

Дури имаше и објави на Инстаграм од пред неколку недели каде што таа јавно му коментираше на своето поранешно момче дека го сака, а само неколку дена подоцна раскинаа. Шпанските медиуми објавија дека Јамал бил тој што го направил првиот потег, и само што стапиле во контакт, Инес веќе одлучила да го остави своето момче за да почне да се забавува со ѕвездата на Барселона.

Пред врската со Јамал, ја следеле помалку од 2.000 луѓе на Инстаграм, но кога беше потврдено дека го завела фудбалерот на Барселона, нејзината популарност вртоглаво порасна. Па, новата девојка на Јамал моментално ја следат речиси 140.000 луѓе на таа социјална мрежа.

Многумина остро ја критикуваа за се што му направи на своето долгогодишно момче, нарекувајќи ја и „спонзоруша“ затоа што го напуштила момчето со кое била со години поради ѕвездата на Барселона.

Се вчитува...