Јубилеј со стил – Ибрахимовиќ го постигна 500. гол во кариерата

Златан Ибрахимовиќ го продолжи своето голгетерско шоу во МЛС-лигата и на дуелот против ДиСи јунајтед, на кој неговиот тим ЛА галакси ремизираше 2-2. Ибракадабра со прекрасен волеј удар го постигна голот за водство од 1-0 на својата екипа, што беше вкупно 500. погодок во кариерата на шведскиот ас.

Ибрахимовиќ стана само 28. фудбалер во историјата на овој спорт што стигнува до „кота 500“, а во ова одбрано друштво има само уште двајца активни играчи, и тоа Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Се вчитува...