Лирој Сане e многу блиску до заминување од Баерн Минхен откако беа стопирани преговорите за продолжување на соработката, а актуелниот договор на крилниот офанзивец со баварскиот гигант истекува на крајот од сезонава.
Баварците сакаат да го задржат поранешниот ас на Манчестер Сити, но биле шокирани од неговиот став, во ниту еден случај да не му биде намалена платата што моментно изнесува огромни 20 милиони евра по сезона. Управата на Баерн е изненадена бидејќи Сане во последните две сезони многу често заработуваше повреди поради кои со месеци беше надвор од терените.
Баварците биле подготвени за плата пониска од сегашната, но со бонуси поврзани со бројот на натпревари што Сане би ги одиграл со што би стигнал до оние 20 милиони евра по сезона. Сепак, фудбалерот децидно отфрлил потпишување на таков договор, по што преговорите веќе извесно време се стопирани, а неизвесно е дали истите воопшто ќе продолжат или Баерн веќе ќе почне да бара нови опции на пазарот.
Њукасл е тимот што покажува сериозен интерес и е подготвен да ги задоволи финансиските барања на Сане, а се очекува во трката да се вклучи и Барселона, која е загреана да доведе врвно засилување како слободен играч следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА