Карлеуша до Крстајиќ: Подобро е да ми дозволиш да имам секс со Душко…

Пред стартот на СП во Русија бројни селектори наметнаа свои правила на однесување за фудбалерите за време на шампионатот. А, никакво опуштање не сака ниту српскиот селектор Младен Крстајиќ.

„Попуст ќе нема за никого“ – вели Крстајиќ, кој се уште не одлучил дали ќе дозволи доаѓање во Русија на сопругите и девојките на фудбалерите во репрезентативниот камп. Стручњаците сметаат дека треба да се заборави на тоа како играчите би биле комплетно фокусирани на фудбалот.

Но, пејачката Јелена Карлеуша, сопруга на Душко Тошиќ, не е согласно со сите нив.

„Ќе го прашам селекторот Крстајиќ дали преку врски ќе ме пушти да го посетувам Душко во карантин. Овие другите сопруги на фудбалери се помалку влијателни, па мислам дека мене ќе ми прогледа низ прсти“ – вели Карлеуша и дополнува:

„Доколку имам секс со Душко за време на Светското првенство тој ќе игра многу подобро. Судејќи по резултатите кои досега ги остварил мислам дека е подобро да има секс со мене, отколку да нема. Очигледно знам што правам и сигурно потоа ќе биде многу подобар на терен“.

А, на секс е веќе јасно дека може да заборават во репрезентацијата на Германија. Селекторот Лев наметна и помалку војнички режим како фудбалерите би се насочиле кон конечната цел – одбрана на титулата!

Се вчитува...