Катастрофално полувреме, приземјување, реми, солзи за младинците против Португалија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Високо летнаа македонските ракометни младинци по перфектното издание со Полска, но само едно полувреме беше доволно за брутално да се приземјат на земја против Португалија.

Во 30 минути игра дури десет ги минаа со ракометар повеќе на теренот, но сепак делуваа како “мали деца” крај моќниот португалски состав. За среќа, во второто полувреме следеше далеку подобро издание па малку недостасуваше да се стигне и до голем триумф. Но, да бидеме искрени – со прикажаната игра тие не заслyжија цел плен и триумф, епилог што го посакуваа сите во салата.

Избраниците на Темелковски мора да научат дека квалитетот мора да се демонстрира во континуитет, а не повремено. Радува што не се губи меч во кој се играат очајни 30 минути, како и фактот дека остануваме господари на сопствената судбина. На крајот од дуелот со Португалците и среќата ни го сврте грбот, но истата мора да се заслужи.

Како и да е, едно е јасно – оваа лекција мора да се научи бидејќи право за грешка веќе нема, а Турција утре мора да се совлада преубедливо за да се стигне до мундијалскиот билет за Алжир.

[new_royalslider id=”476″]

Се вчитува...