Хари Кејн игра во животна форма во дресот на Баерн Минхен, но англискиот ветеран исто така се подготвува и за враќање назад во татковината откако ќе ја заврши својата авантура во баварскиот гигант.
Кејн гради луксузна вила проценета на над 20 милиони фунти. Станува збор за градба во Суреј, една од најпрестижните населби во Лондон, недалеку од тренинг центарот на Челси.
Како што пишуваат медиумите на „островот“, соседите се импресионирани од градбата, тврдејќи дека куќата на Кејн ги потсетува на Бакингемскиот дворец. Според нив, фасадата на објектот има впечатлик и раскошен стил што потсетува на кралската архитектура.
Кејн го има кушено земјиштето во 2023 година за 8 милиони фунти, но наместо да реновира тој решил да го урне постоечкиот објект и да изгради целосно нова куќа на истото место.
Тој ќе живее таму со сопругата Кејт Гудленд и со нивните четири деца, ќерките Ајви и Вивијен и синовите Луис и Хенри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

