Колку чини ноќевање во новиот хотел на Меси на Ибица?

Лионел Меси за многумина е најдобриот фудбалер на сите врњмиња. Аргентинецот во дресот на Барселона е и еден од најбогатите спортисти во светот. Дел од своето богатство, Меси паметно го инвестира.

Минатата година Меси го покрена брендот МиМ, кој го прошири со купување на луксузен хотел на Ибица. Фудбалерот и неговата сопруга Антонела го купија хотелот „Es Vive“ кој се наоѓа во близина на плажата Фигуеретас.

Овој хотел на атрактивна локација во монденското летувалиште има 52 соби и поседува се што луксузните хотели мора да имаат во својата содржина. Нормално, сето тоа чини и достапно е само елитни гости за кои не е проблем да издвојат 525 фунти за едно ноќевање во хотелот.

Се вчитува...