„Кралевите“ покажаа класа: Реал Мадрид испрати порака со сочувство за фамилијата Меси

Хорхе Меси, таткото на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, почина на 69-годишна возраст во Росарио по долго боледување.

Со соопштение и зборови на утеха се јавија веројатно и од најголемиот ривал на Лионел Меси, Реал Мадрид.

„Реал Мадрид, неговиот претседател и Управниот одбор длабоко жалат за смртта на Хорхе Меси, таткото на Лео Меси. Нашиот клуб сака да изрази сочувство до Лео, неговото семејство и сите негови најблиски. Нека почива во мир“, пишува во соопштението на Реал Мадрид.

Се вчитува...