Кралска венчавка: Сите паднаа во втор план кога се појави Дејвид Бекам (ФОТО)

Вест на денот во Велика Британија и речиси целиот свет веќе со денови е кралската венчавка на принцот Хари и американската актерка Меган Маркл.

По неколкумесечните подготовки јавноста денеска конечно ќе има можност да ги види двајцата пред олтар. А за кралската венчавка покана добија само одбрани лица. Во низата познати светски личности е и легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам кој пристигна заедно со својата сопруга Викторија… И, двајцата ги воодушевија присутните со стајлингот.

Англиските медиуми веќе го прогласија Бекам и за најубаво облечен маж на венчавката.

Се вчитува...