Крсте Велкоски прави трансфер на Тајланд

Македонскиот фудбалски интернационалец Крсте Велкоски откако ја заврши авантурата во Јужна Кореја, сега се сели на Тајланд. Тој се договори со тајландскиот клуб Након Рачасима, каде ќе остане во наредниоте две години. Тренер на Крсте Велкоски ќе му биде српскиот стратег Милош Јоксиќ.

На Тајланд веќе подолг период настапуваат Дарко Тасевски и Марио Ѓуровски, како и Христијан Кировски.

Се вчитува...