Бадел 1862 ја оправда фаворитската улога во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија со триумф од 77-56 над младиот состав на Крива Паланка. „Баделки“ текот на натпреварот го најавија од самото отварање на мечот во кој стигнаа до двоцифрена предност, која не ја испуштија до самиот крај и покрај налетот на Крива Паланка во третата четвртина.
По воведниот грч на стартот на натпреварот Бадел до крајот на првата четвртина целосно ја превзема иницијатавата. Избраниците на Стамески одиграа одлично во одбраната каде го исконтролираа скокот, а тоа донесе лесни поени на спротивната страна па скопскиот состав имаше комотна предност од 20-6 по првите десет минути игра. Крива Паланка заигра подобро до крајот на првото полувреме, но добрата игра ја пренесе и нашиот најтрофеен женски клуб. Резултатски натпреварот не претрпе големи промени, но по 20. минути игра „баделки“ имаа предност од 37-19.
Бадел продолжи да го диктира темпото на натпреварот и на отварањето на второто полувреме, но на Крива Паланка и припадна крајот на третата четвртина во кој тимот на Ивановски преку серијата од 10-2 ја намали негатива на само тринесет поени (56-43). Крива Паланка стигна и до негатива од 12 поени на отварањето на одлучувачките десет минути, но преискусниот тим на Бадел не дозволи изненадување. „Баделки“ брзо ги консолидираа своите редови и ја вратија големата предноста со што приредија „мирен“ крај на средбата и закажаа ново клупско финале.
Александра Стојановска беше првото име кај Бадел со дабл-далб од 21 поен и 10 скока на кои капитенот на тимот додаде и фантастични 9 асистенции и 8 украдени топки. Неа ја следеше Цветанка Димова со 20 поени, 10 скока и 6 асистенции, додека како двоцифрени со по 14, односно 10 поени натпреварот го завршија Трајчевска и Лазареска. Кај Крива Паланка со 21 поен и 18 скока прво име беше Милена Марјановиќ, додека Михаела Алексовска додаде 12 поени и 6 асистенции.
Во финалето Бадел силите ќе си ги одмери со подобриот од вториот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат Баскет КАМ и Вардар. Овој дуел е закажан со почеток од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА