Лазаров: Се радуваме на новиот европски предизвик

Ракометарите на Алкалоид утре во Скопје ќе го одиграат првиот натпревар против австрискиот претставник Ферлах во рамките на ЕХФ Европскиот куп натпреварување кое буди убави спомени, со оглед на тоа што Алкалоид пред две сезони се искачи на самиот европски трон.

Тренерот на тимот од Автокоманда, Кирил Лазаров вели дека се радува на новиот предизвик…

„Освојувањето на европската титула со домашен ростер, за млад клуб како Алкалоид, беше одлична работа. Се радуваме на новиот предизвик и ќе имаме максимален пристап на секој натпревар. Тоа ќе го барам и од играчите. Секогаш е задоволство да се игра во Европа, а меѓународните официјални натпревари на клупско ниво носат дополнителен квалитет на тимот и посебна мотивација. Противникот доаѓа од држава чија национална селекција е во подем. Имаат искусни играчи со квалитетно минато. Добро се воиграни и имаат добар ракометен систем. Треба да имаме максимален респект кон Ферлах. Бидејќи се работи за елиминациски натпревар, мораме да бидеме максимално фокусирани и дисциплинирани во сите 60 минути. Очекувам тврд натпревар со многу трчање и убави потези. Нам ни се потребни меѓународни натпревари за подигнување на натпреварувачката форма. Минатата сезона ни недостасуваа токму ваков тип натпревари. По првенствениот натпревар со Струга од домашното првенство, имавме два дена квалитетно да се подготвиме за овој дуел“, вели Лазаров. 

Се вчитува...