Лазаров селектор на Македонија на младинско СП

Македонија следното лето ќе биде организатор на младинско Светско првенство во ракомет, натпреварување на кое „црвено-жолтите“ на клупата како лидер ќе го имаат Кире Лазаров.

Легендата на мак-ракометот повеќе од успешно ја води националната селекција во изминатиот период, а Лазаров на денешната прес-конференција потврди дека се во тек разговорите да седне и на клупата на младинската репрезентација само на овој мундијал што ќе се одржи во нашата земја.

„Точно е, има разговори на оваа тема. Тоа ќе биде еден нов, поинаков предизвик, но зошто да не“,, истакна Лазаров.

Се вчитува...