Лијапис: Среќни што го победивме Алкалоид, вака да продолжиме и во иднина

‘Ракометарите на Охрид успееаја да слават во дербито на колото против Алкалоид. нанесувајќи му го првиот пораз во новата сезона на тимот предводен од Кире Лазаров.

Притисокот врз охриѓани беше огромен по убедливиот пораз од Вардар минатиот викенд, но „сино-белите“ одговорија на предизвикот, па грчкиот интернационалец Николаос Лиапис не го криеше задоволството што неговиот тим експресно се врати на победнички патеки на домашната сцена.

„Знаевме дека овој натпревар беше многу важен за нас по поразот од Вардар во минатото коло. Се подготвувавме максимално, како на тактички така и на психолошки план и пресреќни сме што на крајот стигнавме до победата. Сите дадовме 100% од себе и горд сум на тимот на Охрид. Овој меч ќе ни даде мотив плус за продолжението на сезоната и се надевам дека и во иднина ќе играме вака во наредниот период“, истакна Липалис по големата победа.

Се вчитува...