Ливерпул ќе мора да игра уште еден натпревар против Плимут за пласман во 4. коло (1/16-финале) од ФА Купот, откако на „Енфилд“ денеска ремизираше без голови.
Јирген Клоп се одлучи со исклучително млад состав, најмладиот стартен тим во историјата на клубот, да му се спротистави на Плимут, кој се покажа недоволно моќен да го „скрши“ отпорот на противничкиот состав.
Во второто полувреме во игра влегоа Стариџ, Лалана и Фирмино, но голманот на Плимут во неколку наврати успеа да спаси пред својот гол, на крајот доволно за 0-0 и повторен натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА