Луис Енрике трча ултрамаратон и ужива во екстремни спортови

Поранешниот менаџер на Барселона, Луис Енрике, е човек кој знае успешно да се носи со предизвиците. Некогаш беше успешен фудбалер, а сега страста во тренерската работа ја надополнува со својата пасија за екстремните спортови. Впрочем, малку е познато дека Луис Енрике е човек кој ја завршил најдолгата маратонска трка во светот.

Во 2008 година Шпанецот успешно го истрча Маратонот Дес Саблес, трка на издржливоста која е еднаква на шест маратони. Дес Саблес е специфична трка што се одвива во пустината Сахара каде температурите достигнуваат и над 50 степени Целзиусови. За шест дена, натпреварувачите мора да поминат 250 км за да го завршат ултрамаратонот. Најдолгата делница од оваа трка трае дури 90 км.

Дополнителна тежина на трката и дава и тоа што натпреварувачите мора да ги носат сите свои работи во ранец на грбот. Маратонот Дес Саблес го создаде францускиот промотор Патрик Бауер во 1986 година. Оттогаш оваа трка на издржливост секоја година привлекува илјадници натпреварувачи од целиот свет. Тоа беше предизвик и за темпреаментниот Луис Енрике кој шпо завршувањето на играчката кариера во 2004 остана во кондиција, но се префрли на маратонскиот спорт.

Во 2005 година тој го истрча Њујоршкиот маратон со време од 3:14.09. Една година подоцна настапи и на Маратонот во Амстредам и го подобри своето време на 3:00.19. Потоа во Фиренца ја заврши трката со импресивни 2:58.08. Истата година Енрике се натпреваруваше и на Ајронмен 2017 во Германија. Тоа е трка во триатлон од 225 км, најтешка во оваа категорија во светот.

Кога го напуштив фудбалот сакав да трчам, но после 45 минути нозете ми потонуваа бидејќи бев навикнат на фудбал. Во фудбалот трчаш 50 метри, а потоа запираш, па одиш, па пак трчаш 10 метри и се така. Бев навикнат на тоа. Можев да трчам долго, ама на фудбалски терен. Во маратонот трчаш со исто темпо цело време. Ми беше тешко да се приспособам, но после многу тренинзи и работа, се пробав и во триатлон. Велосипедизам и бањање потполно се разликуваат од трчањето и тренингот е многу попријатен“ – вели Луис Енрике.

По заминувањето од „Камп Ноу“, шпанскиот стратег се поврзува со можен трансфер во Челси или во ПСЖ. За некој како Луис Енрике секој нов предизвик е како нова трка што може да се совлада, без разлика дали ќе „трча“ во Лондон или во Париз.

Се вчитува...